ВИДЕО: Бразил се загреа за Копа Америка со СЕДУМ гола против Хондурас!

Петкратниот светски првак Бразил со лесна победа над Хондурас ја темпира формата за Копа Америка која почнува следната недела токму на бразилско тло. „Кариоките“ убедливо го надиграа Хондурас со 7-0 (3-0), а селекторот Тите шанса им даде на голем дел од повиканите фудбалери, со исклучок на дополнително повиканиот Вилиан, кој беше повикан по повредата на Нејмар.

  • Извештај од натпреварот:

Габриел Хесус, Тиаго Силва и Кутињо од пенал во првиот дел ја погодија мрежата на Хондурас за 3-0 на полувреме. Кога во финишот на првиот дел Кито заработи директен црвен картон, а на почетокот од вториот дел Габриел Хесус го постигна својот втор гол, победникот беше јасен.

До крајот на средбата избраниците на Тите уште трипати ја погоди мрежата на голманот на Хондурас, Лопез преку Ричарлисон, Фирмино и Давид Нерес. Лоша вест за селекторот на Бразил е повредата на фудбалерот за врска на Барса, Артур. 

Убедлив триумф во пријателски натпревар извојува и Венецуела, која на американско тло во Синсинати ги победи САД со 0-3 (0-2). Јунак на Јужноамериканците беше Соломон Рондон од Њукасл со два постигнати гола, а еднаш меѓу стрелците се запиша и Северино Џеферсон. 

  • Извештај од натпреварот: 

Како дел од подготовките за Копа Америка и „Златниот Куп“ вечерва се играат и натпреварите Перу - Колумбија, Eквадор - Мексико и Парагвај - Гватемала.