ВИДЕО: Бразил победи по пет месеци, ефектни голови на Кутињо и Данило

Петкратниот светски првак и актуелен шампион на Јужна Америка, селекцијата на Бразил, го заборави поразот во Ријад од Аргентина во петокот и славеше против Кореја со 3-0 (1-0) во пријателски натпревар во Абу Даби.

Тите направи неколку измени од тимот кој истрча против „гаучосите“, па шанса од првата минута добија Пакета, Кутињо и Ричарлисон. Сите ја искористија и беа најдобри поединци во натпреварот. Фудбалерот на Милан го отвори резултатот со прекрасен гол со главауште во деветтата минута. 

  • Извештај од натпреварот: 

По серија на промашени шанси Кутињо пред одморот зголеми на 2-0 oд слободен удар, а конечниот резултат го постави Данило со удар од дистанца по еден час игра. Во вториот дел селекторот на „кариоките“ шанса му даде на Ренан Лоди, а заради повреди не настапија Тиаго Силва, Алекс Сандро и Нејмар

Оваа победа е прва за бразилската репрезентација по пет натпревари без триумф по освојувањето на трофејот од Копа Америка.  

Состави

Tite

4-3-3

    Paulo Bento

    4-2-3-1