Бразил остана без еден од најдобрите, Винициус го повреди вратот

Бразилскиот фудбалер Винициус Жуниор нема да може да им помогне на „кариоките“ во репрезентативните предизвици заради повредата со која се здоби за време на последниот меч за Реал Мадрид.

Винициус се повреди во саботата на мечот меѓу Реал Мадрид и Виљареал (2:0). Тој го постигна вториот гол за Реал во 73. минута, но шест минути подоцна беше заменет поради болки во вратот.

Реал на својата официјална веб-страница објави дека Винисиус заработил повреда на вратот и истакна дека подоцна ќе биде соопштено колку долго ќе треба да паузира бразилскиот фудбалер.

Шпанските медиуми пишуваат дека Винициус нема да игра за Бразил на натпреварите против Чиле (11 октомври) и Перу (16 октомври), но треба да биде подготвен за натпреварот од 10. коло помеѓу Селта и Реал, закажан за 19-ти октомври.

Бразилскиот фудбалер оваа сезона одигра 12 натпревари за Реал и постигна четири гола.