• Сашо Поповски

Овој петок започнуваат возбудувањата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
Бразил се издвојува како голем фаворит за титулата, заедно со актуелниот првак Франција и Аргентина. „Кариоките“ играат за својот шести трофеј во историјата, а за пласман во полуфиналето ќе се надигруваат со Хрватска.
Бразилската репрезентација има пет одличја, колку што вкупно имаат сите останати седум тимови во четвртфиналето. Аргентинците и Французите имаат по две титули, а Англичаните една, додека сите останати и натаму не успеале во овој подвиг.