ВИДЕО: Бразил го декласира Парагвај и извади мундијалска виза

Петкратниот светски првак Бразил е првата селекција која обезбеди пласман на Светското првенство во Русија, откако и математички се пласира на едно од првите четири места во јужноамериканските квалификации. Ноќва момците на Тите забележаа победа над Парагвај со 3-0 (1-0) и продолжија со серијата на победи. 

Асот на Ливерпул Филипе Кутињо го отвори резултатот,  ѕвездите од Примера Нејмар и Марсело во продолжението ги поставија финалните 3-0. Играчот на натпреварот Нејмар, кој постигна одушевувачки гол, во второто полувраме не реализира и најстрога казна. 

Уругвај го загуби второто место и го претрпи вториот пораз во пет дена, откако загуби во Перу со 2-1. Уругвајците поведоа преку Санчез, го „бело-црвените“ направија пресврт преку Гереро и Флорес. Двократниот светски првак мечот го доигра со десет фудбалери заради исклучувањето на Урета во 76. минута.