• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Бразил официјално го осигура настапот на Светското првенство 2026 година, откако на домашното деби на новиот селектор Карло Анчелоти славеше со 1-0 против Парагвај.
- Бразил - Парагвај 1-0:
Иако „Селесао“ не беше доминантен тим во создавање шанси, ја искористи единствената вистинска можност и ја запечати судбината на натпреварот – доволно за математичка потврда на пласманот, два кола пред крајот на квалификациите. Бразилците се досега на сите Светски првенства кои се играле во историјата.
Винисиус Жуниор беше херојот на вечерта – во 44. минута, по хаотична акција во шеснаесетникот на гостите, тој ја искористи асистенцијата на Матеус Куња и ја смести топката во мрежата од непосредна близина.
- Уругвај - Венецуела 2-0:
Во истата вечер, и Уругвај обезбеди билет за Мундијалот, триумфирајќи со 2-0 над Венецуела во Монтевидео. Избраниците на Марсело Биелса одиграа сигурен натпревар, а славеа со головите на Родриго Агире (43') и Де Араскаета (47').
- Аргентина - Колумбија 1-1:
Во другите мечеви од квалификациите за зона КОНМЕБОЛ, Аргентина и Колумбија одиграа жестоко реми 1-1 на „Монументал“. Прв поведе гостинскиот состав благодарение на Луис Дијаз (24'), додека домаќините израмнија во вториот дел преку Алмада. На мечот црвен картон заработи и Енцо Фернандез.
- Перу - Еквадор 0-0:
Единствениот натпревар без голови се одигра во Перу, каде истоимената репрезентација ремизираше со Еквадор (0-0) – резултат што им одговараше повеќе на гостите, кои со тоа обезбедија пласман на Светското првенство.
ФОТО: www.cbf.com.br / Фудбалска федерација на Бразил