ВИДЕО: Бразил без повредениот Нејмар само до реми против Нигерија

Габриел Хесус Бразил

Бразилската селекција ја продолжи серијата без победа во пријателските средби и денес ремизираше против Нигерија (1-1) во Сингапур. Ова е четврти натпревар во низа како петкратниот светски првак не запишува позитивен резултат.

Екипата на Тите започна со хендикеп поради повредата на Нејмар. Ѕвездата на „кариоките“ се пожали на болки во левата нога и по 12 минути игра побара замена. На негово место влезе Фелипе Кутињо кој достојно го замени и учествуваше при израмнувачкиот погодок.

  • Извештај од натпреварот: 

Отворање на резултатот се случи во 35. минута, кога Арибо ја изигра противничката одбрана и го шокира фаворитот. По еден слалом на мал простор, нигерискиот фудбалер без проблем погоди и донесе водство за својата репрезентација.

Бразилците доминираа, а се вратија на стартот од вториот дел. Кутињо изведе корнер, а по него Касемиро од една одбиена топка погоди за конечни 1-1. Истиот фудбалер имаше можност да донесе пресврт, но неговиот удар со глава заврши во пречката.