Браво може да биде бауч за Шкендија: Ги победи Митровски и соиграчите

Екипата на Браво од Словенија е следен европски ривал за Шкендија, а дека се работи за тим кој може да биде бауч, или тешко совладлив проблем, говори податокот за добриот старт на сезоната во Словенија.

Браво како гостин дојде до победа на гостувањето кај поранешниот првак Олимпија Љубљана со резултат 0-2. Првиот погодок на мечот падна во 23. минута, а стрелец беше Санди Нухановиќ, додека вториот пристигна во самиот финиш кога домаќинот тргна кон израмнување, а стрела Окпо Мазие.

На овој натпревар настапи Димитар Митровски за Олимпија Љубљана. Интересно е што и Браво има Македонец во екипата, тоа е младинскиот репрезентативец Давид Стојаноски кој остана на клупата за резерви.

Првиот натпревар меѓу Браво и Шкендија во Конференциската лига се игра во Словенија. Мечот е закажан на 23 јули од 20:45 часот.