Братучед на Халанд е најновата норвешка „гол-машина“

Таланд

Ерлинг Халанд е човекот кого сите го сметаат за нова ѕвезда на светскиот фудбал. Головите се негова пасија, а желбата да напредува и да се докажува се гледаат на секој негов настап во дресот на Борусија Дортмунд.

Норвешка не мора да се грижи за својата иднина со таленти како него и Мартин Одегард, кој е дел од Реал Мадрид.

Уште поубави вести за скандинавската држава пристигнаа од младинските категории, каде игра братучедот на Халанд. Тој се вика Алберт Браут Тјаланд и настапува за екипата на Брин, каде што започна фудбалската кариера на голгетерот на „милионерите“.

16-годишникот го носи дресот на јуниорскиот тим и игра во неверојатна форма, постигнувајќи 30 гола на 22 натпревари. Младиот фудбалер веќе го имаше дебито за првиот тим и од него се очекува да биде дел од генерацијата која ќе донесе големи успеси во иднина.