Братството на дело: „Војводи“ и „Комити“ на исто место во Тетово (ФОТО)

Навивачките групи „Војводи“ и „Комити“ направија убава атмосфера на братското дерби меѓу Тетекс и Вардар на Градскиот стадион во Тетово.

Двата тима со богата историја се судрија во рамки на ВМФЛ-Запад, а победата ја однесе Вардар кој беше убедлив. Сепак, атмосферата беше на завидно ниво поради присуството на двете навивачки групи.

„Војводи“ и „Комити“ се збратимени, па навиваа од иста трибина. Убава е гледката кога на фудбалските стадиони ќе се видат две навивачки групи на истото место и кога еден натпревар ќе помине во ваква атмосфера.

Вардар до победата дојде благодарение на головите на Филип Петковски, Вилдан Керим и Дејан Блажевски.