Братот на Погба: Мурињо сакаше да биде во центарот на вниманието, тоа беше проблемот

Матијас Погба

Нови критики на сметка на Жозе Мурињо пристигнаа од семејството на Пол Погба. Овојпат во јавноста се огласи неговиот брат, Матијас, кој настапува како професионален играч во екипата на Турс.

„Мурињо беше проблемот, во тоа нема никаков сомнеж. Жозе посакува да биде маестро и да биде постојано во центарот на вниманието.

Тоа не му одговараше на Пол. Мојот брат бараше само почит и слобода да го докаже својот талент. Тоа не го доби од него, па затоа играше толку лошо под негово водство“ , рече постариот брат на Погба.

Французинот беше непрепознатлив додека Португалецот го предводеше Манчестер Јунајтед, а веднаш по неговото заминување постигна неколку голови и додели асистенции во серијата победа на својата екипа.