ВИДЕО: Братот на Џака се претвори во Зидан – удри ривал со глава!

Немили сцени се случија во швајцарската Суперлига, во големото дерби меѓу екипите на Базел и Цирих кое заврши во корист на гостите (0-2).

Три црвени картони доби домашната екипа, а еден од нив беше за Тауљант Џака, братот на играчот на Арсенал, Гранит Џака. Во судиското надополнување по вербален дуел со противник, Џака му удри глава во градите.

Потегот беше сличен како оној на Зинедин Зидан против Марко Матераци во финалето на СП 2006 меѓу Франција и Италија. Швајцарските медиуми најавија драконска казна за Тауљант Џака и долга суспензија, веројатно до крајот на сезоната.