• Горан Упале

Женското Европско првенство започна со непосакуван пораз за бранителот на титулата. Шампионот од пред две години, селекцијата на Англија, запиша пораз на стартот од групната фаза на континенталниот собир, откако во дербито со Франција загуби со 2-1 (2-0).
Откако на собирот во Англија, избраничките на Сарина Вигман по повеќе од половина век ја израдуваа нацијата со фудбалски трофеј, вечерва не успеаја да ја продолжат победничката низа и не се снајдоа најдобро во Цирих, па до крајот на групата немаат право на уште еден кикс, доколку сакаат да останат во игра за одбрана на трофејот.
На спротивната страна, пак, победата на Франција ја обезбедија Катото и Балтимор со голови во финишот од првиот дел. Почесниот погодок за „Гордиот Албион“ беше дело на Велш во самиот финиш.
Попладнево, во рамките од оваа група селекцијата на Холандија ја оправда улогата на фаворит и со високи 3-0 славеше над Велс. Првиот гол за „лалињата“ го постигна Миедема во третата минута од судиското надополнување од првото полувреме, додека во вториот дел Пелова зголеми на 2-0, а конечниот резултат го постави Бругст во 57. минута.
Во следното коло Холандија ќе се сретне со Англија, додека Франција нова победа ќе брка против Велс.
ФОТО/PHOTO: UEFA