• Мартин Танасковски
Екипата на Шалке 04 се врати во Бундеслигата. Тимот од Гелзенкирхен ја оствари целта со победа над Фортуна Дизелдорф и пак е во елитното друштво.
Своја забава за време и по натпреварот имаа популарните „Ултрас Гелзенкирхен“. Навивачката група која во повеќе наврати е гостин во Македонија заради збратименоста со навивачите на Вардар, популарните „Комити“, беше во одлична бројка.
Oooohhh wie ist das schön! #S04F95 pic.twitter.com/l8lqpTQKJ4
— Andreas (@jesch3107) May 3, 2026
Се појавија фотографии на социјалните мрежи, од навивачите од овој натпревар. Навистина импресивен момент за клубот од Гелзенкирхен, кој беше во Цвајте, стравуваше за својата иднина во еден момент, но сега пак е на стабилни нозе.





