ВИДЕО: Браќата Миранчук ги срушија „полицајците“, градското дерби за Локомотив

Првото од двете московски дерби средби во рамките од шестото коло на руската Премиер лига заврши во полза на гостите. Локомотив Москва извојува победа на гостувањето кај Динамо Москва со 1-2 (1-1).

Првиот гол во новиот дрес го постигна Германецот Максимилијан Филип, но гостите со по еден гол на Алексеј и Антон Миранчук стигнаа до победа од 1-2.

Евгени Марков со гол во 72. минута донесе три бода за Рубин Казањ против Арсенал Тула, а првиот пораз во шампионатот го запиша Ростов на Валери Карпин, откако загуби на теренот на УФА со 2-0. 

  • Динамо Москва - Локомотив Москва 1-2: 

  • Рубин Казањ - Арсенал Тула 1-0: 

  • УФА - Ростов 2-0: 

Спартак и ЦСКА Москва в понеделник од 19:00 часот на „Лужњики“ го затвораат шестото коло, по кое и покрај ремито на домашен терен, лидер останува Зенит.