• Саше Љолес
Италијанскиот фудбалер и досегашен член на Верона, Диего Копола, официјално потпиша договор со англискиот премиерлигаш Брајтон и се обврза на петгодишна соработка.
Информацијата ја потврди и клубот, кој му посака добредојде на дефанзивецот од кого се очекуваат добри партии во иднина. Потекнува од школата на Верона, за која дебитираше во 2021 година и одигра 81 натпревар.
Минатата сезона постигна два гола на 35 настапи и се наметна како важна алка во одбраната на калчолигашот. Во моментов е младински репрезентативец на Италија, со која настапува на Европското првенство во Словачка.