Брајтон останува без еден од најдобрите, Тросар пред портите на Арсенал

Напаѓачот на Брајтон, Леандро Тросар е многу блиску до трансфер во Арсенал. Преговорите меѓу двата клуба се започнати и се очекува Белгиецот наскоро да го засили тимот од Лондон, кој оваа сезона игра во врвна форма и е лидер на табелата во Премиер лигата.

Наводно, Тросар ги договорил сите лични услови со Арсенал, а сега останува клубовите да се договорат за сите детали.

Белгиецот имаше одлична сезона до Светското првенство, сепак по враќањето од Катар одигра значително помала минутажа. Се шпекулира дека причината за тоа што Тросар сака да ја промени средината по секоја цена.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.