ВИДЕО: Брајтон не издржа докрај, пресврт-победа за „волците“

Волвс

Вулверхемптон направи пресврт во вториот дел и освои три бода на дуелот со Брајтон (2-1) во 35. коло од Премиер лигата.

  • Извештај од натпреварот:

Гостите имаа предност со голот на Данк до самата завршница, кога дозволија да примат два гола. „Волците“ имаа бројчана предност, по исклучувањето на стрелецот на голот на противникот, па на крај тоа максимално го искористија.

Траоре израмни и донесе надеж за домашните фудбалери, кои чекаа дури до 90. минута за да слават победа. Херој на тимот предводен од Нуно Еспирито Санто беше Гибс-Вајт.

Резултатот немаше значење за двете екипи, кои веќе имаат обезбедено опстанок во лигата.