Брајтон на Де Зерби „везе“: Акцијата тргна од голманот, а 30 додавања подоцна – Грос даде гол (ВИДЕО)

За точно една година на кормилото на Брајтон, италијанскиот стратег Роберто Де Зерби направи големи нешта. Прво и најважно е веројатно пласманот во Лигата на Европа преку силната конкуренција во Премиер лигата. Викендов „галебите“ одиграа одличен меч и го совладаа Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 1-3. 

Сепак, резултатите на страна, она што навистина одушевува е играта на Брајтон. Де Зерби успеа да наметне стил на игра кој ги одушеви фановите, но и пошироката публика. Тоа на дело го виде и почувствува Јунајтед, при вториот погодок во саботата. Акцијата на Брајтон тргна од голманот Стеле, а траеше повеќе од минута и половина. Со топката играа веројатно сите 11 фудбалери, поделија некаде околу 30 додавања, пред Лампти да испрати топка во шеснаесетникот, а Паскал Грос да ја смести во мрежата. 

  • Акцијата на Брајтон на „Олд Трафорд“:

Брајтон под водство на Де Зерби блеска во Премиер лигата и важи за еден од најгледливите тимови во Европа. Досега Италијанецот го водеше тимот на 44 натпревари, на кои забележа 23 победи, 12 порази и девет ремија.

Состави

Ерик тен Хаг

4-2-3-1

    Fabian Hurzeler

    4-2-3-1