ВИДЕО: Брајтон му откина два бода на Челзи, титулата невозможна мисија за „сините“

Европскиот првак Челзи го губи чекорот со водечките и веројатно нема да се бори за титулата во Премиер лигата. Четири дена по поразот од првакот Манчестер Сити, екипата на Томас Тухел одигра само 1-1 (0-1) на гостувањето кај Брајтон и заостанувањето зад Сити е сега огромно. Овој натпревар е еден од многу одложени минатиот месец заради ковид-кризата во Велика Британија. 

  • Извештај од натпреварот: 

Иако во шаренолик состав, гостинот од Лондон одигра одлично прво полувреме, рано поведе и имаше целосна контрола на играта. Мароканскиот интернационалец, Хикам Зијеч, кој не е дел од Купот на Африканските нации заради конфилкт со селекторот Халилхоџиќ, со резантен удар по земја во 28. минута го отвори резултатот (0-1). Следуваше хаотичен дел од натпреварот, но Хадсон-Одои и Лукаку имаа свои шанса за зголемување на резултатот.

Сепак, по полушансата на Тросард, по еден час игра Брајтон израмни. Адам Вебстер со силен идар со глава, по воиграна комбинација по прекин, го најде патот до мрежата и израмни на 1-1. Лондонскиот тим го фати нервоза, Тухел ги внесе Хаверц, Вернер и Ковачиќ и Челзи целосно доминираше. Сепак, ниту по четири минути екстра време резултатот не се менуваше и европскиот првак остави значајни два бода на гостувањето во Брајтон.

Овие загубени два бода значат дека Челзи е сега на еден бод до второпласираниот Ливерпул со два натпревари повеќе и дури дванаесет бода зад лидерот Манчестер Сити, со еден натпревар повеќе. Од заостанатата програма утре се играат средбите Лестер Сити - Тотенхем и Брентфорд - Манчестер Јунајтед. 

Состави

Graham Potter

3-4-2-1

    Томас Тухел

    3-4-2-1