• Мартин Танасковски

Екипите на Брајтон и Вулверхемптон го одиграа последниот денешен меч во англиската Премиер Лига и истиот заврши без победник (2-2) иако понуди четири погодока.
- Извештај од натпреварот:
Двата тима имаа спектакуларни десет минути во првото полувреме, кога стрелците беа расположени и паднаа сите четири погодока. Се се случи во временскиот интервал од 34 до 44 минута, арно ама на крајот немаше победник.
На дуелот во Брајтон прво погоди Хота во 28. минута за предност на Вулверхемптон, но домашните потоа постигнаа два брзи гола, во 34. и 36. минута преку Маупај и Пропер, за пресврт и водство од 2-1. Кога сите очекуваа крај на првиот дел, Хота се запиша вторпат во листата на стрелците и ги постави конечните 2-2.
Вулверхемтпон го одигра своето деветто реми оваа сезона, додека Брајтон четврти пат игра нерешено. „Волците“ се наоѓаат на шестото место во Премиер лигата, додека Брајтон е дванаесетти.