ВИДЕО: Брајтон и Нотингем ги шокираа Арсенал и Тотенхем во Карабао Купот

Лондонските фудбалски гиганти, Арсенал и Тотенхем порано од предвиденото ги завршија своите настапи во Карабао Купот, а меѓу екипите кои што останаа без осминафинале е и Лидс Јунајтед.

Лидерот во Премиер лигата беше голем фаворит во пресметката со Брајтон, но комбинациите во составот на Микел Артета донесоа неочекувана елиминација. „Топџиите“ пред својата публика со 1-3 загубија од разиграните гости, кои по големата победа над Челзи во Премиер лигата од пред неколку дена, средија уште еден лондонски гигант.

  • Арсенал - Брајтон 1-3: 

Дани Велбек, Митома и Лампти беа творци на големиот успех на четата предводена од Де Зерби, додека единствениот погодок за Арсенал го постигна Н'кетиa за водство 1-0.

  • Нотингем Форест - Тотенхем 2-0:

Голем пораз забележа и тимот на Тотенхем, кој за само седум минути прими два гола од Нотингем Форест и ги заврши настапите во Карабао Купот. Лоди и Џеси Лингард во 50. и 57. минута го шокираа лондонскиот гигант и на „шумарите“ им ја донесоа една од најголемите победи во оваа сезона.

  • Вулверхемтпон - Лидс Јунајтед 1-0: 

Во премиерлигашката пресметна на „Молину“, Вулверхемптон пред очите на новиот менаџер Јулен Лопетеги со 1-0 го совлада Лидс Јунајтед. Херој на „волците“ беше Бубакар Траоре со погодок во самата завршница од натпреварот.