• Горан Упале
Екипите на Брајтон и Борнмут запишаа нови победи во Премиер лигата, со кои ги сочуваа шансите за историски пласман во Лигата на шампионите следната сезона, додека Манчестер Јунајтед и Сандерленд ги поделија бодовите на неатрактивниот дуел на „Стадионот на светлината“.
На југот од Англија, Брајтон беше убедлив пред својата публика против отпишаниот Вулверхемптон. „Галебите“ уште во првите пет минути си обезбедија комотно водство од 2-0, додека победата ја запечатија во самиот финиш од средбата. Резултатот го отвори Хишелвуд по само една минута игра, а потоа Данк зголеми на 2-0. Во второто полувреме конечните 3-0 ги постави Минтеч.
- Брајтон - Вулверхемптон 3-0
Во Лондон фудбалерите на Борнмут, ја добија битката со Фулам и славеа со минимални 0-1, во натпревар во кој двете екипи го завршија со по десет фудбалери. Во првото полувреме немаше голови, но имаше два црвени картони.
- Фулам - Борнмут 0-1:
За гостите исклучен беше Кристи во 41 минута, а во седмата минута од продолжението Андерсон го остави Фулам исто така со играч помалку. Во вториот дел Рајан на асистенција на Смит ја погоди целта и донесе голема радост за гостите.
- Сандерленд - Манчестер Јунајтед 0-0
Во Сандерленд, домашната екипа го подели пленот со Манчестер Јунајтед (0-0) во натпревар во кој двете екипи играа без резултатски притисок.

