ВИДЕО: Брајан со гол од 40 метри го одведе Фулам во Премиер лигата!

Во највредниот натпревар во модерниот фудбал, Фулам го совлада Брентфорд на „Вембли“ со 2-1 и се враќа во Премиер лигата. Во натпревар кој долго ќе се прераскажува, трите гола паднаа во екстра-времето, а еден дефинитивно е антологиски. 

  • Извештај од натпреварот: 

Дуелот имаше интензитет, но не и премногу квалитет. Фулам беше подобар и поопасен во првиот дел, а Брентфорд енергично возврати на почетокот од второто полувреме. Сепак, ниту голови, ниту зрели шанси не го одбележаа овој период, па продолженијата мораа да го дадат победникот. Во екстра-времето како да се појавија две други екипи, полни со страст и енергија и паднаа три гола. 

Натпреварот го одлучи Џо Брајан, кој во 105. минута погоди од слободен удар од околу 40 метри. Голманот Рајан многу лошо беше поставен, очекуваше центаршут, па надвор од баланс не успеа да се врати и да спаси гол (0-1). Овој гол дефинитивно ги „уби“ фудбалерите на Брентфорд, кои до крајот не се созедоа и примија и втор гол.  Во 118. минута, повторно Џо Брајан, по одличното двојно додавање на резервистот Митровиќ, зголеми на 0-2. Далсгард во надополнувањето го ублажи поразот, поставувајќи ги финалните 1-2.

  • Спектакуларниот гол на Џо Брајан: 

Фулам на Скот Паркер им се придружи на Лидс Јунајтед и ВБА во Премиер-лигата, а нивните места во Чемпионшип ќе ги заземат Ватфорд, Норвич и Борнмут.

  • Церемонијата и славјето на фудбалерите на Фулам: 

Новата сезона во Премиер лигата почнува на 12 септември, а две недели претходно Арсенал и Ливерпул ќе го одиграа „Комјунити Шилд“ натпреварот на „Вембли“.