Брајан Кристанте од Бенфика е нов соиграч на Трајковски во Палермо

Брајан Кристанте

Талентираниот италијански фудбалер за врска, Брајан Кристанте до крајот на сезоната ќе игра заедно со Александар Трајковски во Палермо. Бившиот фудбалер на Милан, во Бенфика е во втор план кај тренерот Руи Виторија и португалскиот првак се согласи да го испрати во клубот од Сицилија како би имал поголема минутажа.

20-годишниот Кристанте има поголеми шанси за игра од првата минута во екипата која по 18 кола се наоѓа на 16. место во Серија А.

Палермо ќе има опција да го откупи договорот на Кристанте ако фудбалерот задоволи, за 6 милиони евра. Кристанде веднаш ќе има право за настап, но со оглед на тоа што има само 60 минути оваа полусезона, потребен му е ритам на натпревари, за да се избори за место во стартниот тим на Палермо.