ВИДЕО: Брахим, мајсторе - ваквите магични потези ги тераат фановите да го сакаат фудбалот

Брахим Дијаз

Големиот фаворит Реал Мадрид запиша неочекувано реми без голови на гостувањето кај Хетафе. Со тоа продолжи лошата форма на тимот откако Зинедин Зидан се врати на тренерската клупа.

Мечот го одбележа младиот Брахим Диаз, кој со неколку потези ги освои срцата на фановите. 19-годишникот ги остави љубителите на фудбалот со отворена уста со несекојдневниот трик со кој на фантастичен начин го избегна притисокот од противничкиот фудбалер.

„Кралевите“ останаа на третата позиција на табелата во Примера и до крајот имаат мали шанси да го стигнат градскиот ривал Атлетико Мадрид.