• Иван Димовски
Фудбалерите на Мароко убедливо се радуваа во квалификациите за Африканскиот куп на нации против Лесото со 7-0 (5-0). Досега Мароканците се максимални со „шест од шест“, 18 бода и неверојатна гол-разлика од 26-2.
Само во ноемврискиот циклус постигнаа дури 12 погодоци, од кои пет против вториот фаворит во групата Габон.
Мора да се истакне блесокот на најзвучното име во репрезентацијата Брахим Диаз. Асот на Реал Мадрид вечерва постигна хет-трик во мрежата на Лесото и тоа уште во првото полувреме. Покрај тоа, во претходната средба со Габонците беше стрелец на два гола, за перфектен ноемвриски репрезентативен циклус.
Околу дуелот со Лесото, покрај хет-трикот на Диаз двапати погоди Рахими, а по еднаш Ен Несири и Саибари.









