Брага знае да биде незгодна, но пехарот оди на „Да Луж“

Ова е последна шанса за фудбалерите на Брага и Бенфика малку да го поправат расположението кај своите навивачи. Преостанатите два трофеја, оној најважниот во првенството и оној кој е тука поради престиж (Лига Купот), ги кренаа момците од Спортинг, а во второто споменато натпреварување, во финалето го совладаа токму тимот на Брага (1-0). Неутралниот терен во Коимбра би требало да им даде еднакви шанси на овие ривали, меѓутоа Бенфика во изминатите седмици беше во доста подобра форма отколку ривалот, кој од почетокот на март имаше многу проблеми со ефикасноста.

Сите квоти во MOZZART од натпреварот Брага - Бенфика

„Орлите“ ја добија и последната меѓусебна пресметка одиграна на 21 март во Брага (2-0), меѓутоа, двете претходни средби, јануарската во полуфиналето на Лига Купот и ноемвриската во првенството, ги добија избраниците на Карлос Карвахал (2-1 и 3-2), кои, сепак, трпат помал притисок. Брага со години е во врвот на португалскиот фудбал, но каска зад трите најголеми клуба, па од неа не се очекуваат трофеи. Не е дека воопшто ги нема – по два пати ги освојуваше Купот и Лига Купот – но тоа никако не може да се мери со Бенфика за која сезона без пехар е пропадната. А интересно е дека последниот е во Купот, каде иако е рекордер, го крена пехарот во 2017 година. 

Тренерот на Бенфика, Жорж Жезус, своевремено ја водеше Брага (2008/09), која со него на клупата го освои и своето единствено меѓународно натпреварување – Интертото купот. Овој клуб го напушти по една сезона поради светлата на „Да Луж“ на кој се задржа во наредните пет. Во текот на тој период имаше многу успеси, ама на „орлите“ и на навивачите им заби нож во грб откако потпиша за Спортинг. Можеби тоа „предавство“ му е простено, но прашање е дали ќе му се прости и недостатокот на трофеи.

Иако ништо не би нè изненадило, предноста сепак ја имаат Бенфика и 2-3.