• Горан Упале


Уште пред да започне натпреварувањето по групи во Лига Европа, беше јасно дека Црвена Звезда и Брага ќе ја водат битката за првите две места. Точно, се очекуваше и Лудогорец да покаже нешто повеќе со оглед на тоа што во изминатава деценија беше редовен учесник во оваа фаза од најсилните клупски натпреварувања на Стариот континент, или Лигата на шампионите или Лигата на Европа, а во неколку наврати дури и успеа да ја дочека пролетта на меѓународната сцена. Сепак, бугарскиот претставник влегува во 4. коло со само еден освоен бод, а сигурни сме дека така ќе остане и по гостувањето во „Каменоломот“.
Сите квоти во МОZZART за натпреварот Брага - Лудогорец
Брага и сама има големо искуство во Европа, а во својата татковина е еден од најнезгодните домаќини. Навистина, таа влезе во оваа сезона малку понесигурна од вообичаено - не мислиме на поразот од шампионот Спортинг, кој не беше изненадување, туку на ремито со Гимараеш и Боависта во првенството, односно Пакош Фереира во Лига купот. Сепак, без поголеми проблеми ја заврши работата со Мидтјиланд во ЛЕ, па иако Бугарите се свесни дека ова е последна шанса да се вклучат во битката за пласман понатаму, Португалците нема да дозволат да се понадеваат.
Сите квоти во МОZZART за останатите натпревари во Лига Европа
Сите нивни претходни пресметки беа неефикасни, а како домаќини во последно време играат потешко од вообичаено и сега очекуваме 0-2. Инаку, тренерот на Брага, Карлос Карвалхал, има мали кадровски проблеми, но тие не треба да влијаат на триумфот на неговите избраници.