Брага го брани трофејот, а Бенфика силно го посакува

Завршницата на португалскиот Лига куп ги собра четирите најквалитетни клубови во земјата и  во финалето подобриот од мечот меѓу Брага и Бенфика ќе се соочи со Спортинг кој во првото полуфинале го совлада Порто (2-1).

>>> Сите квоти на мечот Брага - Бенфика во MOZZART

Екипата на Жорж Жезус ќе биде благ фаворит, но тоа не би требало да ве залаже бидејќи куповите во главно се единствено место каде што Брага може да бара трофеи, додека лисабонскиот великан е пофокусиран на Примиера. Лига купот е токму натпреварувањето во кое Брага го брани насловот, па мотивацијата ќе биде на максимално ниво. Минатата сезона во полуфиналето падна Спортинг, па екипата од Мињ цели кон нов лисабонски скалп.

Бенфика на неутрален терен во Леирија доаѓа не баш во најдобра форма - навистина  „орлите“ паметат само еден пораз во последните 15 натпревари, но во претходните шест, два пати играа нерешено со еден неуспех и три победи. Брага, од друга страна, пред неколку дена претрпе првенствен пораз од Фереира без постигнат гол, па најдобрите стрелци на екипата, Рикардо Орт и Јури Медеирош (вкупно девет од 23 лигашки голови за Брага), се надеваат дека ривал како Бенфика ќе ги инспирира голгетерски.

Напаѓачкиот арсенал на екипата од „Луж“ е погобат за Харис Сеферовиќ (7), Лука Валдшит (6), односно Давид Нуњез кој со седум асистенции е најдобриот проигрувач во екипата.

Меѓусебниот скор во претходните седум натпревари брои пет победи на Бенфика и два триумфи на Брага, со напомена дека кај овие ривали никогаш не се знае дали ќе ве успијат или ќе направат голеада со шест или седум погодоци.

Делува дека ова е добра шанса за хазардерите да се обидат со преод од икс во икс.