Божиновски се врати во ПМФЛ, по шест години пак ќе игра за Силекс

Македонскиот интернационалец Даниел Божиновски ја заврши авантурата во Азербејџан и се врати во Македонија каде ќе го носи дресот на кратовски Силекс.

Божиновски беше дел од Сабаил, но поради наводни финансиски проблеми си заминал од клубот. Следна дестинација ќе биде Силекс, каде настапуваше во минатото, пред шест години. Од таборот на кратовчани велат дека во Божиновски гледаат големо засилување меѓу стативите.

Божиновски покрај во Азерјбејџан претходно настапуваше и во редовите на Брегалница и Работнички.