Божинов се врати во Бугарија и потпиша за Ботев Враца

Прославениот бугарски напаѓач, Валери Божинов кариерата ќе ја продолжи во родната земја. Пред неполн месец 32-годишниот напаѓач ја напушти Ријека, каде не се изнаигра минатата сезона.

Божинов пак ќе игра за бугарскиот клуб Ботев Враца откако се договори со новиот член на првата лига во оваа земја за враќање во клубот во кој настапуваше пред повеќе од десет години.

Божинов се прослави, играјќи за Фиорентина, Јувентус и Манчестер Сити, а Ботев Враца ќе биде 15-ти клуб во кариерата. Напаѓачот не е повеќе дел од репрезентацијата на Бугарија за која одигра 43 натпревари и постигна шест гола.

Во последните неколку години, почесто во медиумите беше заради неговиот приватен живот и менувањето на девојки, отколку заради фудбалските квалитети.