ВИДЕО: Божиќен подарок – дрес од Алиоски расплака од радост навивачка на Лидс

Поранешниот англиски шампион, Лидс Јунајтед, ги минува најдобрите денови во последните две децении и е на прагот да се врати онаму каде припаѓа, во Премиер лигата. 

Еуфоријата меѓу навивачите на тимот од Јоркшир е голема, а навивачите на секој меч до последно место го полнат „Иланд Роуд“ и им ја даваат потребната поддршка на своите миленици, меѓу кои е и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски

Дека популарниот Џани е еден од најомилените фудбалери на фановите, докажува реакцијата на една Англичанка, која се расплака откако од својот татко за божиќен подарок доби македонски дрес од Алиоски.