Божидар Митревски потпиша за словенечка Рогашка

Младиот македонски интернационалец Божидар Митревски во новата сезона ќе го носи дресот на Рогашка, во шампионатот на Словенија. Се работи за 22-годишен дефанзивец, кој посегна по своето прво интернационално искуство, откако минатата сезона настапуваше за Скопје. 

Поранешниот репрезентативец до 21 години настапуваше во неколку клубови во нашата земја во периодот на неговиот развој. Покрај дресот на Скопје, настапуваше за Слога Виница, Силекс, Тетекс, Вардар, Работнички...

Со Митревски се зголемува македонската колонија во Словенија. Екипата на Рогашка со два порази го почна шампионатот на Словенија. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во странство на ОВОЈ линк.