• Зоран Мишевски
Македонската колонија во Бугарија е побогата за уште еден интернационалец. Поранешниот шампион на нашиот источен сосед, Литекс од Ловеч се пофали со потписот на неколку фудбалери, а меѓу нив е Божидар Митревски.
23-годишниот фудбалер ја напушти Рогашка и Слвенија и потпиша договор до крајот на сезоната со „портокаловите“.
Поранешниот репрезентативец до 21 години настапуваше во неколку клубови во нашата земја во периодот на неговиот развој. Покрај дресот на Скопје, ги носеше и дресотивите на Слога Виница, Силекс, Тетекс, Вардар, Работнички..