„Божицата намириса крв“ меѓу одбраната на Јувентус

Ata Juv

Јувентус на крајот од сезоната извесно ќе се поздрави со деветгодишната доминација во Серија А. Осум рунди пред крајот лидерот Интер бега 12 бода, а второпласираниот Милан е на еден бод повеќе. Но, бјанконерите мора да продолжат да победуваат, затоа што местото во Лигата на шампионите не им е сигурно. По репрезентативната пауза ремизираа со Торино (2-2), а потоа врзаа два триумфа – падна Наполи, а веднаш по него и Џенова. Божицата е уште поопасен ривал од споменатите и во таборот на актуелниот првак на Италија се свесни дека евентуален пораз ќе донесе пад на третата позиција, односно ќе отвори можност петтопласираниот Наполи потполно да ја стопи бодовната негатива.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Серија А >>> 

Аталанта исто како и во претходните сезони блеска напаѓачки и никој нема да биде зачуден ако трета сезона по ред заврши како тим со најмногу постигнати голови. Тешко дека ќе го надмине ланскиот рекорд од 98 гола, ама Јувентус има доволно причини да стравува. Просекот на божицата оваа сезона изнесува 2,4 гола по натпревар, а бјанконерите не ја сочуваа мрежата на седум натпревари во низа. Со победите над Удинезе, Верона и Фиорентина тимот на Џанпјеро Гасперини направи одлична увертира за дуелот на домашен терен против Јувентус.

Сите квоти на MOZZART за дуелот Аталанта - Јувентус >>>

Претходниот пат кога „старата дама“ гостуваше во Бергамо сите четири гола паднаа во второто полувреме, а Јуве во последните дваесет минути направи пресврт. Во завршницата од минатата сезона клубот се спаси со голот на Роналдо во 90 минута (2-2), а во единствениот дуел оваа сезона немаше победник (1-1).