• Горан Упале
Италијанскиот фудбалски клуб Фиорентина соопшти дека играчот од средниот ред Едоардо Бове (22), кој колабираше на теренот за време на првенствениот натпревар против Интер на први декември, е пуштен од болница.
Во вторникот, на Бове му бил вграден срцев дефибрилатор, тип на пејсмејкер кој може да спречи фатален срцев удар. Поради вградениот пејсмејкер младиот фудбалер ќе мора сам да одлучи дали ќе го задржи истиот или не, бидејќи Серија А не дозволува игра со вакво помагало, Бове ќе се најде пред тешка одлука.
Кога во јуни 2021 година, данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен доживеа срцев удар за време на натпреварот против Финска на Европското првенство, му беше вграден срцев дефибрилатор. Бидејќи во тоа време беше член на Интер, мораше да го напушти тој клуб и кариерата ја продолжи во англиски Брентфорд.