ВИДЕО: Боуен го уништи Брентфорд, „чеканите“ им се вратија на победите

Фудбалерите на Вест Хем им се вратија на победите во Премиер лигата и на домашен терен убедливо славеа со 4-2 (2-1) против екипата на Брентфорд. Натпреварот од 26. коло донесе приличлно еднострана игра, која резултираше со тотална доминација на лондонските „чекани“. Вреди да се напомене дека Вест Хем немаше постигнато ниту еден гол на последните три првенствени натпревари. 

  • Извештај од натпреварот: 

Домашните водеа со 2-1 уште по првите 45 минути, а до крајот на мечот само ја потврдија започнатата мисија. Џерод Боуен со два гола во првите седум минути донесе водство од 2-0, но гостите ја ублажија разликата преку Маупај, кој стрелаше во 13. минута од мечот. 

Второто полувреме започна со нова силна офанзива на избраниците на Дејвид Мојс. Боуен го постигна третиот гол и стигна до „хет-трик“ во 63. минута, а на 4-1 зголеми Емерсон, кој упати неверојатен удар и биеше прецизно осум минути подоцна. Брентфорд до крајот на мечот успеа да го намали водството и покажа дека не е наивен ривал, а конечните 4-2 беа дело на Јоан Виса во 82. минута од натпреварот. 

Со единаесеттата сезонска победа, Вест Хем стигна до 39 бодови и ја зазема осмата позиција во Премиер лигата, додека Брентфорд го запиша третиот пораз во низа и останува на 25 бодови. 

Состави

Грем Потер

4-2-3-1

    Томас Франк

    3-5-2