ВИДЕО: Боуен даде „луд“ гол со гради, Вест Хем го победи ВБА!

Вест Хем слави против Вест Бромвич Албион со 2-1 и го запиша третото славје во низа во Премиер лигата. По победите над Евертон и Барнли, сега и ВБА се впиша во низата. Покрај тоа, оваа екипа нема пораз на последните пет лигашки средби и бележи одлични резултати овој период. Денес со головите на Боуен и Антонио стигна до победе, бидејќи за ВБА погоди само Переира. 

  • Извештај од натпреварот:

Иако Вест Хем добро тргна и се закани преку Досон уште на стартот, првиот дел беше мирен без многу шанси. Пред паузата стрелец на првиот гол беше Џарод Боуен, кој од непосредна близина даде гол со гради по уфрлувањето од Куфал. 

Во продолжението веднаш на стартот стрелаше Матеус Переира за израмнување и 1-1. Сепак, домаќинот ја потврди добрата форма и преку Мајкл Антонио стигна до предност и победа на овој натпревар (2-1). 

Вест Хем сега има 32 бодови и се наоѓа на седмата позиција, додека ВБА е претпоследен со само 11 бода.