• Зоран Мишевски
Македонскиот интернационалец Стефан Ашковски и неговиот клуб Ботошани приредија големо изненадување со елиминацијата на Клуж во Купот на Романија. Неполна една недела откако Клуж го победи Лацио во групната фаза на Лига Европа, Клуж падна во Ботошани, а еден од двата гола на победничката екипа беше дело на македонскиот фудбалер.
Натпреварот заврши без победник 2-2, а вториот гол беше дело на Ашковски. По изведувањето на пеналите, Ботошани се пласира во следната фаза и предизвика еуфорија меѓу домашните навивачи.
- Голот на Ашковски против Клуж:
Овој погодок е трет за Стефан Ашковски во дресот на Ботошани сезонава, прв во националниот Куп.






