ВИДЕО: Ботафого ја заокружи историската сезона и третпат стана шампион на Бразил

Екипата на Ботафого успеа да го совлада Сао Паоло со конечни 2-1 во последното коло од бразилското првенство и стана шампион на оваа земја после цели 29 години!

Грегоре и Џеферсон Саварино стрелаа за победничкиот состав, голови со кои ја осигураа победата и на тој начин стигнаа до 79 бода, шест повеќе од второпласираниот Палмеирас.

За Ботафого ова е само трета шампионска титула, а последен пат овој клуб се искачи на тронот во 1995 година. Оваа сезона е историска, затоа што екипата успеа за првпат во историјата да го освои и трофејот во Копа Либертадорес.