• Иван Димовски
Фудбалерите на Ботафого историски ја освои Копа Либертадорес, откако одигра херојски натпревар и го совлада Атлетико Минеиро со 1-3 (0-2) во финалето на најсилното натпреварување во Јужна Америка. Речиси цел меч победникот играше со десетмина, а тоа не ги спречи да му дадат три гола на ривалот кој цел натпревар напаѓаше и да испишат историја со првата титула во Копа Либертадорес.
По само две минути игра Ботафого доби црвен картон, поточно уште во триесеттата секунда Грегоре со отворен ѓон удри противник в лице, па „поцрвене“ и беше исклучен.
Очекувано од тој момент доминираше Атлетико, меѓутоа јалово бидејќи во финишот на вториот дел прими два гола. Луис Енрике во 35. минута го отвори резултатот, додека седум подоцна пенал реализира Алекс Телес за целосен делириум на делот од трибините со навивачи на Ботафого. Во првиот дел немаше резултатски промени, а потоа веднаш во втората минута на стартот на продолжението Едуардо Варгас со глава намали на 1-2 по центаршут од корнер на Хулк. Уште повеќе Атлетико Минеиро почна да го притиска ривалот и да реди шанси. Се обидуваше Хулк во неколку наврати, а потоа во завршницата две колосални шанси не искористи стрелецот Варгас.
Целосно Атлетико се фрли во напад, оставајќи многу простор пред својот гол и тогаш стигна казната за промашувањата. Жуниор Сантош добро проби и имаше среќа да му се врати топката која ја втурна во празната мрежа за конечните 1-3 и старт на славјето на неговите соиграчи и навивачите.
- Извештај од натпреварот:
Типично во јужноамерикански стил се славеше на славниот „Монументал“ со солзи и кај едните и кај другите, на едната страна од среќа, а на другата од тага...