• Саше Љолес
Екипата на Ботафого извојува огромна и убедлива победа во првиот полуфинален натпревар од двомечот со уругвајскиот Пењарол и славеше пред своите гледачи со конечни 5-0 (0-0).
- Ботафого - Пењарол 5-0:
Сите погодоци дојдоа во второто полувреме, а домашната публика имаше многу причини за задоволство, затоа што нивните миленици ги торпедираа гостите и веќе со едната нога се во големото финале.
Најдобар поединец на мечот беше напаѓачот Џеферсон Саварино, кој постигна два гола, а во листата на стрелците се запишаа уште Барбоса, Луис Хенрике и Хесус. Гостите од Уругвај беа комплетно разбиени и упатија само два удари во рамките од голот, па на крајот се помирија со огромен пораз.
Реваншот ќе се одигра 31 октомври, а Ботафого ќе треба само рутински да ја заврши работата и да обезбеди пласман во мечот за шампионскиот трофеј.