Ботафого го купи „коцкарот“ од Бетис и го сруши бразилскиот трансфер-рекорд

Напаѓачот на Бетис, Луис Хенрике, официјално го напушти андалузискиот клуб и премина во редовите на бразилскиот Ботафого. Играчот беше во немилост кај управата која сакаше побргу да се ослободи од него, поради скандалот со нелегално обложување во кој беше вмешан летово. 

Хенрике имаше неколку добри партии во дресот на Бетис и делуваше дека би можел подолго да се задржи во Шпанија, но скандалот скапо го чинеше и тој се враќа во родната земја за рекордна сума која може да достигне 20 милиони евра.

Ова е најголем излезен трансфер од бразилски клуб, а претходниот рекорд изнесуваше 16,5 милиони евра. 23-годишниот офанзивец ја започна кариерата во Флуменсе, а за Бетис настапи на вкупно 47 натпревари. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.