ВИДЕО: „Босанскиот Жунињо“ централна фигура - Пјаниќ даде СУПЕР-ГОЛ, па „поцрвене“!

Миралем Пјаниќ беше централна фигура во вечерашните натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Фудбалерот за врска на Јувентус во ремито од 2-2 на неговата Босна и Херцеговина против Грција во Зеница вгради еден прекрасен гол од слободен удар и исклучување со директен црвен картон.

Коментаторот го нарече „Босанскиот Жунињо“ заради стилот на изведување на слободни удари, а потоа го осуди судијата за престрогиот црвен картон. 

  • Голот на Пјаниќ против Грција:

  • Црвениот картон на Пјаниќ против Грција: 

Сепак, и покрај ремито Босна и Херцеговина има одличен старт во квалификациите со четири бода, два помалку од лидерот во групата Италија. 

Европско првенство, Квалификации, Група J
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ИталијаИталија 10 10 0 0 37:4 33 30
2 ФинскаФинска 10 6 0 4 16:10 6 18
3 ГрцијаГрција 10 4 2 4 12:14 -2 14
4 Босна и ХерцеговинаБосна и Херцеговина 1 10 4 1 5 20:17 3 13
5 ЕрменијаЕрменија 1 10 3 1 6 14:25 -11 10
6 ЛихтенштајнЛихтенштајн 10 0 2 8 2:31 -29 2