• Саше Љолес
Во пресрет на претстојниот пријателски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Босна и Херцеговина, кој на 29 мај ќе се одигра во Сараево, денес „Куќата на Фудбалот“ ја посети Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.
На средбата со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, стана збор и за пријателските односи на двете земји , особено во спортот.
Исто така се разговараше и за големиот интерес кој владее за претстојниот натпревар меѓу двете репрезентации, за кој уште од сега се бара билет повеќе. Веќе е извесно дека стадионот „Асим Ферхатовиќ“ во Сараево ќе биде исполнет до последното место.
Натпреварот помеѓу Босна и Херцеговина и Македонија ќе се одигра на 29 мај на култниот стадион во Кошево.

