Босанец го менува Тен Хаг на клупата на Манчестер Јунајтед?

Сè поизвесно е дека Ерик тен Хаг нема да биде тренер на Манчестер Јунајтед следната сезона. „Црвените ѓаволи“ имаа разочарувачка сезона, која ја завршија со трофеј во ФА Купот, каде во финалето го совладаа Манчестер Сити.

Сепак, тешко веројатно дека Холанѓанецот ќе остане на клупата на Јунајтед, а за негов нов наследник се споменува Един Терзиќ, пренесуваат германските и англиските медиуми.

Според „Билд“, освен Манчестер Јунајтед, Терзиќ е мета на уште неколку клубови како тренер кој би сакале да го видат во својот тим.

Сепак, Терзиќ неколку пати истакна дека би сакал да остане во Германија. Дали ќе биде така би требало наскоро да се дознае.