Босанците во Зеница ќе бркаат втора победа во мундијалските квалификации

Финска

Франција избега, Украина ја следи, а Босна и Херцеговина и Финска ја гледаат својата шанса за она второ место во групата Д од квалификациите за Светското првенство. Баражот не е невозможна мисија за двете селекции, со тоа што нивниот меѓусебен дуел во Зеница оваа сабота ќе биде од многу важен карактер во борбата за Мундијалот и обидот да се најдат на големата сцена.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од квалификациите за СП 2022 >>>

Финците доаѓаат на „Билино Поле“ како третопласирани во групата со осум бода, додека БиХ е едно место подолу, со бод помалку. Последниот меч „змејовите“ го одиграа без голови во Украина и освоија бод. На последните пет натпревари селекцијата на Ивајло Петев менуваше ремија и победи, а интересно е тоа што на последните девет меча тимот нема врзано два идентични исходи. Босна е во добра форма, а два триумфа на четири меча ѝ се единствените во последните 18 средби.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот БиХ - Финска >>>

Финска освои три бода кога гостуваше во Казахстан во последната квалификациска средба. Симптоматично е тоа што двете славја тимот на Марку Канерва ги забележа против иста селекција, додека во првата средба со БиХ забележа реми. Босанците досега четири пати играле со Финска и имаат предност во вкупниот биланс затоа што имаат две победи и еден пораз. Ниеден од тие четири меча не е завршен со победа на гостите, а за головите на двете репрезентации се задолжени Един Џеко и Темо Пуки. Веројатно и сега ќе бидат расположени...