Босанчиќ: Второто полувреме со Гостивар да ни биде рецепт за понатаму

Немања Босанчиќ дебитира за Вардар со погодок. Играчот од средниот ред погоди против Гостивар за бод (1-1), а даде коментар на настапот на црвено-црните. Играчот истакна дека го радува играта во второто полувреме и тоа треба да биде рецепт за понатаму.

„Влеговме во мечот со преголем респект кон Гостивар. Првото полувреме мора да го заборавиме, а второто полувреме да ни биде рецепт како понатаму во сезоната. На крај мора да сме задоволни за бод, иако пред меч ги сакавме сите три. Гостивар е прилично добра екипа, така што мислам дека 1-1 е најреален исход“, изјави Босанчиќ.

Најтрофејниот колектив во среда го очекува меч во Купот на Македонија против Новаци, додека во следното лигашко коло на 22 септември, тимот игра на гости со Тиквеш.