Босанчиќ: Вардар не е во добра форма, но ваквите натпревари се најтешки

Струга Трим Љум е на прагoт за првпат во својата историја да обезбеди европска фудбалска сцена. Амбициозниот клуб покрај езерото игра одлична сезона, а позитивната атмосфера која владее во соблекувалната ќе проба да ја искористи за денешното дерби со „ранетиот“ Вардар.

Еден од најдобрите фудбалери на Струга, Немања Босанчиќ вели дека иако Вардар не во добра форма, ваквите натпревари се најтешки за игра. Но, верува победа на својата екипа. 

„Зад нас е добра серија резултати, задоволни сме како одигравме на последните пет натпревари. Осовивме многу бодови и сè уште сме во трка за третото место. Сепак, мора да победиме и на овој дуел.

Нè очекува тежок натпревар, иако Вардар не е во добра форма. Ваквите натпревари секогаш се најтешки, но се надевам дека ќе победиме“, вели Босанчиќ.

На две кола до крајот на шампионатот Струга е четврта, со само еден бод помалку од местото кои идната сезона води во Европа, а сега ѝ припаѓа на Македонија ЃП.